„Античката историја скриена во најстарото езеро во Европа“ е насловот на видеорепортажата што ја објави Би-би-си вчера на својата веб-страница во рамките на т.н. травел шоу.
„Ова е најстарото езеро во Европа. И средината околу него исто така е стара. Дури и Охрид бил град уште во времето на таткото на Александар Македонски, Филип, во 4 век пред Христа“, вели авторката на почетокот од репортажата. Токму историјата, нагласува таа, е причината поради која туристите сакаат да доѓаат во Охрид“, пишува на веб-страницата.
Нејзиниот соговорник, Јован Стојаноски, туристички превезувач со кајче, истакнува дека токму античкото наследство и традицијата се најпривлечни за посетителите.