Site icon GoExplore

(Видео) Неверојатна глетка: Со дрон снимена колонија од 64 илјади морски желки

Австралиски научници направија снимки со дрон кои прикажуваат илјадници зелени желки како се собираат покрај брегот на Големиот Корален Гребен. Несекојдневното видео ја прикажува најголемата светска популација на големите желки и нивниот пат до крајбрежјето каде што ги положуваат своите јајца.

Истражувачите од Квинсленд користеле беспилотно летало за да можат подобро да ја проучат популацијата на загрозените животни.

Сцената прикажува над 60 илјади загрозени желки кои што патуваат на Raine Island, во северниот остров на Големиот Корален Гребен.

Рејн Ајленд е дом на најголемата колонија на зелените желки на светот и научниците сега велат дека ги има речиси двојно повеќе од она што претходно се мислеше, иако тие остануваат загрозен вид.

Зелените желки живеат во тропски и суптропски води и поминуваат долги дистанци меѓу местата на кои што се хранат и плажите каде што положуваат јајца.

Exit mobile version