Site icon GoExplore

Галичник е едно од 36-те најживописни села во Мијачкиот крај

Во рамките на Националниот парк Маврово има 36 села. Галичник е едно од најживописните. До него и до другите села води асфалтиран пат и локални патишта. Од нив, 14 се сосема иселени и оставени на тивко изумирање, а во другите има по неколку жители. Тие се распоредени во четири региони: Мавровска котлина, Горна Река, Мала Река и Долна Река. Именувани се најчесто по бројните реки и извори кои течат покрај кањоните и низ клисурестите долини и се слеваат во реката Радика..

Во селата има голем број напуштени куќи, а понекаде се реновирани во типична мијачка архитектура. Околу Мавровското Езеро има околу 1.600 објекти, туристички и викенд куќи.

Освен развиениот туристички центар во Маврово и повеќето угостителско-туристички објекти во неговиот атар, како посебен туристички локалитет се разви и Бунец. Низ паркот може да се забележи слободно движење на стадата дизокози и срни. Снежниот град во Бунец никнува секоја година од вештите детски раце кои сета своја имагинација ја претопуваат во големите снежни фигури на Дедо Мразовци, кралици, замоци, куќи, снешковци и што ли уште не.

Даниела Трпчевска 

Exit mobile version