Site icon GoExplore

Корабски водопад низ фотографии

Корабскиот Водопад, познат и како Пројфелски водопад се наоѓа во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб. Во зависност од сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет. Во различни извори, може да се најдат различни податоци за висината на водопадот, а бројките варираат помеѓу 70 до 138 метри. Водопадот се појавува со топењето на снегот на пролет. Најголем интензитет има кон крајот на мај и почетокoт на јуни, а понатаму во текот на летото, губи од својaта јачина.

Најдобриот пристап до водопадот е преку долината на Длабока Река. Може да се пристапи од левата страна на реката преку селата Нистрово и Жужне, или од десната страна преку Бибај, покрај врвот Кабаш. Патеките се тесни и слабо обележани, а на неколку места треба да се преминува реката преку необезбедени премини.

Пролетните прошетки до еден од најмагичните водопади во земјава, се редовен дел од пролетните планинарски тури во земјава.

Подготовки за планинската авантура кон Кобарски водопад – јули 2016

Гледај го времето, утка прогнозава а?

 

 

 

 

 

 

 

 

Над Рибница – небото натежнало над врвовите

 

Зраците пробиваат…

Првиот одмор на Попова ливада

Штом ќе стасаш до Пралуга, немаш уште многу, два часа максимум..

Волшебната шума…

 

 

 

 

 

 

 

 

Последните дрвја..

И еве не над шумата, но погледот на долината го затскриваат облаци…

Ја нема веќе заглушувачката бучава од корабските водопади што се стрмоглавуваат по острите страни на долинаат, тек – тук  по некоја рекичка…

Капија кон магичната долина

Типичен пејсаж од долината на Длабока река

Волшебни глетки

Конечно, на мојот камен со поглед…

Фотосторија на Југослава Дуковска

Exit mobile version