Site icon GoExplore

Лагуна за егзотични фламинга во скопската зоолошка градина

Зоолошката градина во Скопје за првпат е збогатена со егзотични птици од видот фламинго, а Градот Скопје инвестираше во изградбата на нивното ново живеалиште.

Живеалиштето претставува мала лагуна со многу зеленило, езерце за фламингата, како и посебен дел за хранење на птиците.

Фламингата се едни од најегзотичните птици.

Станува збор за живеалиште со внатрешен дел со површина од 40 квадратни метри и тераса со површина од 120 квадратни метри и е едно од најубавите живеалишта за фламинга во зоолошките градини во Југоисточна Европа.

Непосредно до него, се гради и новото живеалиште за пингвини.

Exit mobile version