Site icon GoExplore

Најмал откриен скелет – 1,8 метри

На четири километри од градот, во месноста Манастир, има археолошки локалитет, старохристијанска базилика. Станува збир за манастирски комплекс со големи димензии. Според легендата, комплексот
бил толку голем, што звукот од камбанаријата се слушал дури до Берово на едната страна и до Делчево
на другата.

„Имавме археолошко наоѓалиште, но немаше пат до него. Оваа есен успеавме да најдеме начин да направиме
асфалтен пат буквално до комплексот. Секој оној што ќе дојде овде, може да се увери во импозантноста
на комплексот, за кој се верува дека бил женски манастир во почетокот на четвртиот век. Најмалиот пронајден
скелет е со димензија од 1,8 метри”, вели Никола Каракашов од Општина Пехчево.

Комплексот е сместен на исклучително стратешко место. Кога се стои на темелите на црквата, со поглед
може да се опфати цела Малешевија.

 

Exit mobile version