фото: Марија Лазарова
Шара е една од ретките планински убавици која природата ја обдарила со вечно бели масиви. Планинските врвови кои 135 дена се покриени со дебел снег, во текот на летото се белеат од непрегледните стада овци кои одмараат распослани по километарските пасишта и ледини. Снежната капа која планинските врвови ги покрива од доцната есен до раната пролет, надмоќно се надвиснува над Тетово – градот распослан во плодната Полошка долина.
Факти за Шар Планина:
- Највисок врв е Титов Врв (2748 m), а планината се одликува со голем број врвови кои се издигнуваат над 2000 м
- Шар Планина е долга 80 километри и 30 километри широка
- Од највисоките делови на Шар Планина кон дното на Полог се спуштаат голем број слапови и водопади, од кои најмарканти се оние на Вратничка река
- Најголемата вардарова притока, Пена, се создава на Шар Планина. Речиси сите реки на оваа планина припаѓаат на сливното подрачје на реката Вардар
- Најголемо езеро на Шар Планина е Боговинското езеро. Неговата длабочина изнесува 4-5 метри
- На Шар Планина има околу стотина извори, од кој највисоко се наоѓа изворот на Големото Езеро (2.460 метри)
- Шар Планина е трета по ред на Балканот по бројот на глацијални езера, кој изнесува 30, од кои 21 се постојани
- Во изворишниот дел на Боговинска Река на Шар Планина, се наоѓа фосилизиран карпест глечер со должина околу 1,5 км