Site icon GoExplore

Зголемено нивото на Дојранско Езеро, намалени на Охридско и Преспанско

Тројно е зголемено нивото на Дојранското Езеро од просечните – 83 сантиметри за септември, на 179 сантиметри, покажува денешното хидролошко мерење.

Според УХРМ, нивоата на Охридското и на Преспанското Езеро се намалени во однос на просекот за септември.

Нивоата на реките, пак, се пониски од просекот за септември. Исклучок се само реката Брегалница кај Берово, каде што има минимално зголемување и реката Струмица кај Сушево.

Exit mobile version