Дојранското Езеро и денеска бележи драстично зголемување на нивото, од – 82 сантиметри колку што е просекот за октомври – на 174, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Според хидрометеоролошките мерења, нивото на Преспанското Езеро е малку зголемено од просечното, додека Охридското Езеро е под просекот за септември.
Нивоата на реките, пак, се пониски од просекот за октомври. Исклучок е само реките Вардар кај Демир Капија и Сатеска кај Ботун, каде има минимално зголемување.