Охрид ја збогатува понудата за престојната туристичка сезона, кога се очекуваат бројни посетители од земјава. Пловило со стаклено дно во водите на Охридското Езеро ќе привлекува туристи со можноста да се гледа подводниот свет, како и подводните атрактивни локалитети.
Во Охрид од Кавадарци пристигна пловило со провидно дно со капацитет од 12 лица , кое на метар и половина под нивото на езерото, ќе им нуди на туристите несекојдневна можност да уживаат во подводниот свет на езерото.
Пловилото е произведено во Хрватска, а е домашна инвестоција вредна 130.000 евра.