Site icon GoExplore

Ревија на народни носии во „Св. Спас“

Со изложбата на народни носии, накит и сувенири во дворот на црквата „Св. Спас“, со фолклорна прошетка на 13 културно-уметнички друштва, како и со настап на Виолета Томовска и ансамблот „Кочо Рацин“ од Скопје, денеска заврши дводневната манифестацијата „Ревија на народни носии од Скопскиот Регион“.

Секторот за локален економски развој на Град Скопје во соработка со Здружението на уметниците ракотворци „Арти крафт“ –  Скопје, годинава вторпат ја организира оваа манифестација.

Целта на овој настан е да се популаризира народната носија од Скопскиот Регион, да се промовира и одржи традиционалното занаетчиско производството и да се поттикне размената на искуства и знаење на занаетчиите. Исто така, со манифестацијата ќе се помогне да се зголемат продажбата на занаетчиските производи и услуги и туристичката понуда преку претставување на занаетчиството како бренд и симбол на препознатливост на град Скопје.

Exit mobile version