Ски – центар „Попова Шапка“ – сабота и недела (31.03.2018 и 01.04.2018 година) организира целодневна забава под маски. Дневениот билет за скијање од 9 до 15,30 часот ќе чини 600 денари, полудневен билет за скијање од 12 до 15,30 часот ќе се продава по цена од 500 денари, додека билетот за ноќно скијање од 20 до 23 часот е 500 денари.
Гостите ќе можат да ноќеваат во хотел „Славија“ и хотел „Попова Шапка“ по цена од 800 денари, додека за полн пансион ќе треба да издвојат по 1.105 денари.