Site icon GoExplore

Скопско лето: Tеатарски претстави, концерти, промоции

На Факултетот за ликовни уметности – Сули ан, во  понеделник, со почеток во 20:00 часот ќе се одигра албанска театарска претстава „Се бара стар кловн“ титлувана на македонски јазик. Претствата е во продукција на Театар на еден актер во копродукција со Меѓународниот театарски фестивал „Бутринти 2000“ и Градски театар – Гњилане

Автор на текстот е  Матеи Висниек, режијата на  Бесфорт Идризи а сценографија и костимографија на  Енес Деари, Играат: Сабедин Шахиќи (Косово), Бајруш Мјаку (Македонија) , Алфред Буалоти (Албанија), Беќир Нуредини (Македонија).

Следниот ден, во вторник во 20 часот ќе биде промовирана книгата „Земјотрес 05:17“ од Владимир Плавевски, во Музеј на град Скопје. Издавач на книгата е Македоника Литера а промотор Данило Коцевски.

Веќе за среда е најавена изложбата  „Скопје – архиТРАНСформа“ : „Архибелези“(изложба на МГС) и „Concrete memories“, изложба на фотографии на Матијас Шуман од Дрезден, Германија, во Музеј на град Скопје. Изложбата е посветена на 50 години од збратимувањето на градот Скопје и Дрезден.

 

 

Exit mobile version