Site icon GoExplore

„Скопје трча“ – нова трка на 8 октомври во главниот град

Организаторите на „Визер – Скопски маратон“ подготвуваат нова трка во спортскиот календар на градот. „Скопје трча 10 км“ е изненадувањето што се креира долго време и кое цели кон воспоставување уште една спортска манифестација која ќе ги поткрепи темелите на спортот во Македонија и Скопје.
 
„Скопје трча 10 км“ ќе се одржи во недела на 8 октомври по должината на улиците на главниот град. Со ова од „Визер – Скопски маратон“ потенцираат дека сакаат да започнат нова традиција во одржувањето на уличните трки. Покрај трката на 10 километри, ќе се одржи и штафетна трка на 2 х 5 километри. Во склоп на трката на 10 км ќе има и тимско натпреварување. 
 
„Скопје трча 10 км“ се организира од страна на Сојузот на спортовите на Скопје, атлетскиот клуб „Работнички“ и Атлетската федерација на Македонија. Генерален покровител на „Скопје трча 10 км“ е Агенцијата за млади и спорт, помогната од партнерите и спонзорите. Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската атлетска асоцијација (ЕАА), а од в година е предвидено да стане член на Меѓународната асоцијација на маратони и улични трки (АИМС).
Exit mobile version