Site icon GoExplore

Стотина граѓани на велосипеди во Прилеп

Во рамките на 40-тата „Критична маса на точак Прилеп“ стотина љубители на велосипедизмот мрднаа со прст и го кренаа градот под Марковите кули на педали на досега најголемата „Критична маса во Прилеп“.

За дружбата да остане запаметена, на почетокот и на крајот на рутата велосипедистите ги пречекаа познатите мрдачи со прст, диџеј Гоце Саф и Марко Новески, кои им се придружија во испраќање на нивните веловизии – Прилеп да прерасне во велоград и надалеку да одекне велосипедското ѕвонче.

Со овие настани иницијативата „Мрдни со прст“ продолжува со активностите за подигање на свеста на граѓаните за разните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец. „Ти си на потег“ како слоган на кампањата го повикува секој граѓанин да даде своја идеjа, да се вклучи и да реализира активности, со цел да направи одреден придонес во заедницата во која живее.

Exit mobile version