Site icon GoExplore

(Видео) Jата сончарки забележани во водите на Охридското Езеро

Рибите сончарки од неодамна живеат и во водите на Охридското Езеро. Нуркачкиот центар „Амфора“ објави дека по подолга обсервација на овој интересен вид риба кој природно не припаѓа во ендемичниот екосистем на Охридското Езеро, забележале многу интересни моменти, особено во нејзиното однесување за време на мрестење.

„Овие риби главно се хранат со инсекти и ларви, а широко распространетите перки во текот на нивното движење претставуваат одбранбена функција“, велат од „Амфора“

На видео инсертот од сончарка снимена на дното од езерото може да се забележи дека најгресивното и најчесто однесување е т.н. „фронтална закана“ која се карактеризира со брзо нафрлување, удирање и бркање на рибите кои се во непосредна близина, а од „Амфора“ појаснуваат дека во крајни случаи истата е проследена со благо каснување, со цел рибите да ги заштитат границите на својата територија.

Доколку сончарката се чувствува инфериорна во обидот да ја одбрани територијата најчесто ја менува бојата, која на страничните делови од телото станува потемна.

Сончарките најчесто ги има во плитки води на длабочина од 3-5 метри, но нуркачите од „Амфора“ забележале повеќе јата на длабочина од 10-15 метри во присуство на други риби.

Сезоната на мрестење е обележана со присуство на мажјаци на плитки, кружни гнезда кои истите ги бранат од другите сончарки.

Exit mobile version