Намибија е една од дестинациите која нуди одмор и за телото и за душата. Преполна е со национални паркови, а сè уште е недопрена и затскриена од очите на туристите. Еден од најреткопосетените делови е Брегот на костурите, каде меѓу другото можат да се пронајдат бројни остатоци од заринкани бродови, а според мислењето на некогашните португалски морепловци тоа е и место кое ја означува „вратата на пеколот“. Токму на оваа локација се гради луксузен туристички комплекс кој се очекува до крајот на годинава да стане вистинска атракција.
Националниот парк Брегот на костурите наскоро ќе го добие својот прв хотел, со многу специфичен изглед. Станува збор за Shipwreck Lodge. Изгледот на хотелот е иснпириран од бројните бродски несреќи кои се случувале на бреговите на Намибија. На госите ќе им бидат на располагање 10 кабини кои ќе се напојуваат со соларна енергија. Во средиштето ќе има објект во кој ќе биде сместен ресторанот и палуба од која ќе се пружа поглед кон песоните дини и Атлантскиот океан. Планирано е да има и бар и базен.
За гостите на хотелот ќе се организираат излети кон океанот,ќе се оди во разгледување на остатоците на бродовите во пустината, како и во потрага по диви животни. До хотелот ќе може да се дојде со авион, а за оние кои што се желни за авантура ќе се овозможи и патување со џипови. Ноќевање во хотелот ќе чини околу 500 евра.
Брегот на костурите е прогласен за Национален парк во 1971 година поради бројните диви животни кои живеат во ова подрачје, а пред се слонови, жирафи, црно носорози, лавови…