Фотографиите и видеата на гробницата која е постара од 4.000 години, покажуваат дека таа е пронајдена во исклучително добра состојба. Вазири вели дека станува збор за исклучителни откритија, едни од раритените последниве децении.
Новооткриената, добро сочувана гробница во Египет која датира од пред 4.400 години била најверојатно последно место за одмор на кралскиот свештеник кој толку ја сакал својата мајка, што нејзиното име се споменува буквално насекаде во гробницата.
,,Тој го спомнува името на неговата мајка речиси насекаде”, вели Мустафа Вазири, генерален секретар на Врховниот совет за антиквитети, кој вели дека се пронајдени десетици хиероглифи, статуи и цртежи во чест на мајката на свештеникот.
Фотографиите и видеата на гробницата која е постара од 4.000 години, покажуваат дека таа е пронајдена во исклучително добра состојба. Вазири вели дека станува збор за исклучителни откритија, едни од раритените последниве децении.
Името на свештеникот е Вахти, кој служел за време на Петтата династија на Египет под кралот Нефериркар, според Вазири. Неговиот гроб е долг околу 33 метри, широк 10 метри и висок 10 метри и бил откриен во Сахара, јужно од Каиро. Гробницата има две нивоа исполнети со десетици статуи и шарени цртежи на свештеникот и неговото семејство.
Различни цртежи ја опишуваат изработката на керамика и вино, правење религиозни обреди, музички изведби, пловење со чамци, и ловење.
Гробницата е дел од поголем комплекс во Сараха, каде археолозите откриле уметност и архитектура кои даваат слика за секојдневниот живот во древниот Египет.
Многу други антички артефакти веројатно остануваат скриени во длабочините на гробницата. Вазири верува дека постои и саркофаг на сопственикот на гробот, покрај многу други предмети.
,,Ќе почнеме од утре да откриваме какви тајни крие оваа гробница”, вели тој. Понатамошните ископувања се очекува да започнат неделава.