Фестивалот синоќа започна со битолски чалгии од конзулско време, по што настапи групата „Шарена“ од Полска со балканска чалгиска музика.
Битола по единаесетти пат е домаќин на познатиот Локум фест. Овој фестивал е препознатлив синоним на заедничкото живеење на различните култури во конзулска Битола и стариот обичај со добронамерникот да се испие заедничко кафе со локум. Фестивалот синоќа започна со битолски чалгии од конзулско време, по што настапи групата „Шарена“ од Полска со балканска чалгиска музика.
,,Оваа година по 11 -ти пат се слави традицијата на Конзулска Битола, Време на бурна историја, луѓе, настани, дух … .Организаторот, Центарот за културна деконтаминација, истакнува дека целта на фестивалот е да се врати духот на конзулска Битола, преку музиката и ракотворбите кои традиционално се презентираат на саем за ракотворби.
Вчерва како дел од Локум фест ќе настапи Хорот при Еврејската заедница на Македонија „Моис Хасон“ со староградски, ладино и сефардски песни.