Tagged: makedonija

Опојната моќ на македонското вино

Секое вино во себе носи некоја тајна приказна. Во него е впиена магијата на регионот во кој што се одгледува, топлината на раката која што го набрала, вештината на винарот кој што ја правил чудесната напивка. Приказната за македонските вина е средечна, пријателска и колоритна, оти се одгледувани во најплодните региони заплискувани од топлината на сонцето, долж течението на Реката Вардар.Иако вистинската ренесанса македонските вина ја доживуваат последниве десетина години, на ова тло виновата лоза одамна ги има пуштено своите корени. Тие полека, но сигурно почнаа да се пробиваат на странските пазари и да го освојуваат истенчениот вкус на Европјаните.

Ковчег со скапоцености

Македонија е како ковчег преполн со скапоцености, кој едвај чека да биде отворен. Изобилува со историја и традиција уште од неолитот, за што сведочат многубројните археолошки богатства пронајдени во утробата на земјата. Тетовската менада, Адам од Говрлево, златната маска од Требеништа од 6 век пред нашата ера, керамиката од неолитот, пронајдоците од бронзената доба, остатоците на римските градби, како и мозаиците со непроценлива вредност, се само дел од богата културно наследство кое со векови наназад е пронаоѓано на ова тло.

Терапевтски третмани, масажи и спа капсули

Лековитата вода богата со минерали, современите терапевтски третмани, масажите и спа капсулите, се само дел од можностите што ги нудат македонските бањи, сместени во најпејсажните и најживописните предели на земјава. Изградени во планинските пазуви, во близина на жуборливи реки и езера, ги мамат вљубениците во природата на кои им е потребна релаксација, одмор и лекување на телото и душата. Водата богата со минерали е раритет во Европа и нуди огромни можности за развој на бањскиот туризам, но и шанса покрај природните лекувалишта да се изградат и модерни центри за убавина и релаксација.

Translate »