Боите на Елбасан во ноември
Боите на Елбасан во ноември – вака некако би го именувала албумов на импресии од викендот поминат во дружба со планинарите на скопското планинарско друштво SHBE Shkupi – Shoqata bjeshkatare ekologjike на собирот на планинари од регионот, прославата на локалното планинарско друштво и планинарската тура по остатоците на некогашната Виа Игнациа.
Првпат бев во Албанија и за мене беше се ново – пределот, луѓето, обичаите, веселбите, историјата, дружбите, но и природата, нејзините бои и облици. Не многу атрактивна за солидно планинарење, сепак околината на Елбасан е интересен предел за истражување. И, можеби природата таму не е раскошна како многу македонски планини, ама јас не видов никаде тазе масовно сечење дрва (иако е можно тоа да се случувало во минатото) и не видов – ѓубре!
Околу населбите можеше да се најде по некоја грда слика, ама на друго место, освен едно две пакувања од грицки, на целиот потег немаше – ништо. Толку од нашата култура, толку од споредбите и предрасудите што ги имаме. Можеби нема да ја препорачам истава тура за планинарење, ама затоа ке препорачам да излезете малку од вообичаените маршрути на прошетки, викенди и планинарења и да појдете на вакви средби, па дури иако никого не познавате (јас познавав само еден човек од околу 200 колку што сретнав тие два дена!).
Одлицно е за правење паралели, за откривање нови работи, како личен предизвик, за саморефлексија, па и за добар провод.
Југослава Дуковска