„Мартинките се дел од културниот идентитет на македонскиот народ, но и дел и од традицијата на неколку други народи од Балканот, што е заедничка нишка која го поврзува овој дел од Европа. ХАЕМУС ги почитува мартинките, верувањата и обичаите поврзани со нив и ги негува во духот на традицијата, во сите облици и начини кои би придонеле за нивната поширока промоција. Македонскиот дел од мултинационалната апликација во УНЕСКО помеѓудругото се темели и на поддршката која во писмена форма ја даде тимот на ХАЕМУС. Изразуваме задоволство што овие амајлии станааа нематеријално светско културно наследство вклучено на листата на УНЕСКО“, вели Василка Димитровска, директор на „Хаемус“.
Во дел од активностите на манифестација се вклучува и издавачката куќа „Арс Ламина“, со изработка на изданија за деца со наслов „МАРТИНКИ: конци, плетки и црвено-бели сплетки“, како и со креативни работилници преку едукативниот центар „Арс Ламина“ и книжарниците Литература.мк.
„Арс Ламина“ се приклучува кон манифестацијата „Среќна Баба Марта 2018“ и по повод влегувањето на обичајот мартинки на листата на нематеријално светско културно наследство на листата на УНЕСКО изработи и издаде книги за деца за мартинките, и тоа на три јазика – македонски, албански и англиски јазик. Со ова издание сакаме на најмалите да им го приближиме овој обичај како дел од културното наследство, на еден забавен и детски начин, да им дадеме идеи како и самите да ги изработуваат и со тоа да помогнеме за продолжување на традицијата“, вели Бранка Бугариска, директор на издаваштво во „Арс Ламина“.
Заради социјална инклузивноста на манифестацијата склучен е договор со фондацијата „Една може“ и ангажирни се самохрани родители кои ќе бидат дел од настанот. Тие ќе се фокусираат најмногу на креативните детските работилници за правење на мартинки. Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2018“ се прави со поддршка од Министерството за култура и град Скопје, под мотото на УНЕСКО за Отворени образовни ресурси.