Мистичен црн пантер фатен на камера по 100 години
Мистичниот африкански црн леопард навистина постои. Биолозите направија ретки снимки од елегантната голема мачка како величествено се движи во Кенија. Ова е прва фотографија на африканскиот црн леопард од 1909 година, вели Ник Пилфолд научник за конзервација од Зоолошката градина во Сан Диего.
Тој вели дека снимките се направени по неколку месеци гледање и чекање. Неговиот тим биолози поставил далечински камери за да ги следат леопрадите во близина на област за која добиле информации дека се појавиле црни леопарди.
,,По неколку месеци, бевме наградени со повеќе снимки направени од нашите камери”, вели тој.
Бојата на крзното на женскиот леопард е темно црна како резултат на меланизам, генетска мутација што е спротивна на албинизмот. Иако преку ден неговото крзно изгледа црно во текот на денот, во текот на ноќта добива посветли нијанси.
Иако имало извештаи дека бил забележан црн леопард, кој исто така е познат и како црн пантер, последната фотографија е направена во Етиопија пред повеќе од еден век.
,,Многу е веројатно дека црните леопарди цело време живеел во Кенија, но недостигале само фотографии за да го потврдат тоа”, вели Пилфолд.
Британскиот фотограф Вил Бурард Лукас на успеал да фотографира редок црн леопард во Кенија, Африка.
„Додека ги прегледував фотографиите, застанав и се загледав во фотографија со несфаќање… пар очи опколени од темнината, црн леопард! Не можев да поверувам и ми требаа неколку денови пред да сфатам дека го постигнав мојот сон”, напиша тој на својот блог.
Црните леопарди се нешто помали од оние со нормална боја, а црната боја на крзното е наследна. Црниот леопард во природа може да се види во Кина, Мјанмар, Непал, јужна Индија, Јава и Африка.
Леопардите се опишани како критички загрозени во Меѓународната унија за заштита на природата на Црвената листа на загрозени видови. Неколку фактори влијаеле на намалувањето на нивниот број, вклучувајќи го ловот, загубата на живеалишта, конкуренцијата за плен и конфликтот со добитокот и земјоделците.