Невладини активисти го исчистија Сарај од отпад
Активистите на Движењето ЛЕАД денес го исчистија рекреативниот центар Сарај од отпад, во рамките на проектот „В џеб, ако нема каде друго.“.Целта на проектот е да се покрене јавната свест кај граѓаните за зачувувањето на животната средина. Исто така, акцијата овозможува младите од различни етнички заедници да работат заедно и да се дружат.
Проектот „В џеб, ако нема каде друго“ е поддржан од Програмата Цивика Мобилитас, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација СИПУ.