Патувачкото кино на „Маке Докс“ своите проекции ги реализираше на „Church stage“, односно во црквата „Св. Илија“ во Стар Дојран. Во програмата беа вклучени документарни филмови со музичка тематика, а годинава беа прикажани седум филмови, и тоа: „Мојот превртен свет“ (My World Upside Down) на Петра Селишкар и Бранд Ферро, „Барајќи го Шугармен“ на Малик Бенџелул, „Депонија“ (Waste Land) на Луси Вокер на 14 јули; „Чија е оваа песна?“ на Адела Пеева и „Во потрага по Фела“ на Алекс Гибни на 15 јули; „Марта и Ники“ на Тора Мортенс и „Анплагд“ на Младен Ковачевиќ на 16 јули.
Временските услови во Дојран создадоа неверојатна можност организаторите на „Д-Фестивал“ два концерти, еден од главната сцена и еден од Москито-сцената, да ги пренесат на „Church stage“, на која Патувачкото кино ги имаше своите проекции. Така се случи африканските блузери Али Фарка Туре бенд и одличниот унгарски бенд „Месечинка“ да настапат буквално во спалната соба на екипата на „Маке Докс“.