Ранохристијанска црква откриена на археолошкиот локалитет Манастирче
Археолози од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип и од Археолошкиот музеј на Македонија открија ранохристијанска црква на археолошкиот локалитет Манастирче кај штипското село Чардаклија, во близина на трасата преку која ќе минува експресниот пат Штип – Кочани.
„Целиот простор кој го истражуваме е на површина од 25 на 25 метри квадратни. Објектот е средновековен во поголемиот дел, повисоките партии се средновековни, но имаме индиции дека се работи за некоја постара градба во темелите“, вели Илинка Атанасова, археолог во Археолошкиот музеј на Македонија.
На овој локалитет се работи на археолошко-конзерваторски работи и ќе се продолжи со работа и во следниот период. На самата траса на експресниот пат во близина се наоѓаат три поголеми локалитети, како што е Лозен Градиште кај Горни Балван и Клетовник до Крупиште. Меѓутоа тие се малку подалеку од трасата. Така што, според правилата, таму се вршеше само надзор на трасата, додека кај овој локалитет мора да има конзерваторски работи, па потоа да се ослободи за градежните работи на експресниот пат, велат надлежните.
Археолошките истражувања на локалитетот Манастирче се финансирани од Агенцијата за државни патишта