Рис тежок 27 килограми влезе во замка на Маврово
Националниот парк Маврово, во соработка со Мкедонското еколошко друштво успеа да залови уште една рис во рамките на паркот. Рисот Б8 за кој има податоци уште од 2013 година, влезе во една од замките поставени близу селото Сенце, во срцето на Маврово.
Овој крупен мажјак (27 килограми) е стален жител на паркот и е сликан на вкупно 12 различни локации за време на сесиите со фотозамки. Податоците од радиотелеметрија ќе придонесат подобро да се разберат неговите потреби за исхрана и станиште, а секако и просторот со кој поседува. Со цел да му се даде име на овој мажјак, на Фејсбук страницата на балканскиот рис може да се гласа за еден од шестте предлози за негово име.