Фестивалот се одржува под покровителство на Министерството за култура, со поддршка на општините Прилеп и Долнени. На него учествуваат 350 учесници од земјава и странство кои го презентираат богатиот изворен мелос.
Со перформансот „Традицијата оживува“ почна фестивалот „Пеце Атанасовски“

На камената сцена на плоштадот Александрија во Прилеп со сценско музичкиот перформанс „Традицијата оживува“ синоќа беше отворен 43-от фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Уметничкиот перформанс преставуваше ревија на женски носии од Полошкиот регион од крајог на 19 и почетокот на 20 век, претставувајќи ја и статусната улога на жената преку песни и обичаи. Перформансот го проследи и градоначалниот на Прилеп, Марјан Ристески, кој ја истакна важноста на овој фестивал кој се одржува по 43. пат, на Рудина во Долнени.
„Традиционално, секоја година, фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ го збогатува културното лето во Прилеп. Пеце Атанасоски е големо име кое навистина остави историски впечаток во промоцијата на македонскиот фолклор во светот и во негова чест е токму овој фестивал, а Прилеп во негова чест, пак, постави споменик со неговиот лик во центарот на градот. Фестивалот „Пеце Атанасовски“ ја збогатува туристичката карта на Прилеп и потврдува дека градот под Марковите кули е центар на фестивалските случувања “, рече Ристески.