Дефилето го предводеше градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, а учествуваа и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, евроамбасадорот Самуел Жбогар и амбасадорите на Холандија и Унгарија во нашата земја.
(ФОТО) Скопските улици окупирани од велосипедисти
Неколку илјади граѓани, велосипедисти, рекреативци и средношколци денеска учествуваа во големото велосипедско дефиле што на улиците во Скопје се возеше по повод 22 Септември – Меѓународниот ден без автомобили и последниот ден од Европската недела на мобилноста.
Велосипедистите стартуваа кај портата „Македонија“, потоа возеа по улицата 11 Октомври до булеварот Кочо Рацин, па кон булеварот Крсте Мисирков, булеварот Гоце Делчев, булеварот ВМРО, булеварот Партизански одреди, булеварот 8 Септември и по булеварот Илинден до Градскиот парк, кај „Школка“, каде што се одржа музички хепенинг.