Monthly Archive: March 2016

Празнување проткаено со пагански обичаи

Беровското Езеро се наоѓа на околу 1.000 метри надморска височина и е вистинска оаза за спас од горештините. Затскриено е во бујна борова и дабова шума, а околината изобилува со разни растенија, шумски плодови и лековити билки. Езерото е порибено и често вљубениците во риболовот доаѓаат тука да го најдат својот мир и да фатат добар улов. Покрај езерото има бунгалови, одморалиште и вили што се најмуваат.

Магијата на Дубровник

Хрватските острови личат на огромна сцена на која се играат традиционални танци, се јаде добра храна и се пие вино од визбите на полуостровот Пелешац

Добредојдовте во македонскиот Лас Вегас

Казината се лакмус за односите со Грција. Проценките се дека за викендите околу 6.000 Грци влегуваат во земјава, а нивна крајна дестинација најчесто се токму казината. Во овој бизнис секоја година се вртат повеќе милиони евра, кои обезбедуваат вработување на најмалку 1.500 македонски државјани.

На изгрејсонце во Стење, на зајдисонце во Сливница

На изгрејсонце во Стење, на зајдисонце во Сливница. Вака некако би изгледал најидеалниот одмор на бреговите на Преспанското Езеро, кое мами со својата свежина, блага клима и неверојатно пријатна вода. Утрото можете да го започнете со капење заедно со јатата пеликани кои ритуално се собираат на песочните плажи во Претор, а вечерта да ја завршите во неколкуте модерни кафулиња и ресторани на брегот, каде што има живи свирки до доцна во ноќта

Децата кои се плашеа од сопствената сенка, сега се радуваат на животот

Селото Манастирец кое се наоѓа на 17 километри од Македонски Брод, по многу нешта не се разликува од останатите рурални средини во земјава. Бујната вегетација на Поречјето, високите планини и жуборестата река, но и...

Оазата на тутунот и пивото

Градот под Маркови кули забрзано и со зголемен адреналин го дочека почетокот на осмиот „Пиво фест“, традиционален фестивал на пивото, скарата, музиката, забавата и мајтапот. Се поставуваат киосци преплавени со најразновидно пиво и изобилство на...

Translate »