Еден остров, седум луѓе и куче
Седуммина жители и едно куче живеат на далматинскиот остров Ошљак, наречен и Лазарет. Станува збор за многу мал остров, кој може да се заобиколи за само 20 минути, а се наоѓа во задарскиот канал , меѓу Задар и Прека.
Немаат продавница, амбуланта, ниту лекар, а поштарот доаѓа еднаш неделно. Не возат автомобили, ниту пак одат во кафулиња. Единствениот ресторан на островот работи само три месеци годишно.
На островот има ново училиште, но зјае празно, без ниту еден ученик. Отровни пајаци и змии на малиот земјен рај нема, а друштво на мештаните им прави само лабрадорот Нола. Весници купуваат на соседните острови, кои ги посетуваат со брод.
Најстариот жител на островот има 84 години, а најмладиот 41. На островот има црква Света Марија од 6 век и ветерница од 16 век. Имаат струја, вода, телефон и интернет, а речиси сите жители имаат исто презиме – Валчиќ.
Бројот на жители се зголемува само за време на летото – кога низ островот дневно поминуваат и по 300 туристи.