Празнување проткаено со пагански обичаи
Беровското Езеро се наоѓа на околу 1.000 метри надморска височина и е вистинска оаза за спас од горештините. Затскриено е во бујна борова и дабова шума, а околината изобилува со разни растенија, шумски плодови и лековити билки. Езерото е порибено и често вљубениците во риболовот доаѓаат тука да го најдат својот мир и да фатат добар улов. Покрај езерото има бунгалови, одморалиште и вили што се најмуваат.