Category: Недопрени убавини
Планинарите Александар Кирковски и Петар Ивановски, во најстудената ноќ спиеја во снег на Шар Планина. Во бивак – засолниште ископано во снег, кое сами го направиле на врвот Антени на 2.525 метри надморска височина, тие минале десет часа. Планинарите, вообичаено, на преспивање...
На четири километри од градот, во месноста Манастир, има археолошки локалитет, старохристијанска базилика. Станува збир за манастирски комплекс со големи димензии. Според легендата, комплексот бил толку голем, што звукот од камбанаријата се слушал дури до Берово на...
Зип-линијата минува над мало природно езерце во Пехчево, во кое живее лотосов цвет. Ова езерце е едно од ретките места кај нас на кои го има. Во текот на летото, оние што се спуштаат по линијата,...
Во Пехчево се оди по клинци на јаже, по подвижни скали, по греда која со секоја стапка се крева како клацкалка, се минува пајакова мрежа…Патеката е поделена на три дела. На почеток е делот...
Мала Река – Тргнав од Скопје да си ја нахранам душата. Центарот на градот ме гуши: нечист воздух од издувни гасови и нечистотија насекаде околу мене, несредени паркови, исушена трева, кеси пластични и други отпадоци…....
Денешната посета – Дупени Бич, Долно Дупени, Љубојно, Брајчино, Камп Крани, Отешево, Стење, Галичица, Трпејца, Охрид. Уживајте во убавините на Македонија! фотосторија на Роберт Милески
Во рамките на Националниот парк Маврово има 36 села. Галичник е едно од најживописните. До него и до другите села води асфалтиран пат и локални патишта. Од нив, 14 се сосема иселени и оставени...
Корабскиот Водопад, познат и како Пројфелски водопад се наоѓа во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб.
Во зависност од сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет. Во различни извори, може да се најдат различни податоци за висината на водопадот, а бројките варираат помеѓу 70 до 138 метри.
Секое вино во себе носи некоја тајна приказна. Во него е впиена магијата на регионот во кој што се одгледува, топлината на раката која што го набрала, вештината на винарот кој што ја правил чудесната напивка. Приказната за македонските вина е средечна, пријателска и колоритна, оти се одгледувани во најплодните региони заплискувани од топлината на сонцето, долж течението на Реката Вардар.Иако вистинската ренесанса македонските вина ја доживуваат последниве десетина години, на ова тло виновата лоза одамна ги има пуштено своите корени. Тие полека, но сигурно почнаа да се пробиваат на странските пазари и да го освојуваат истенчениот вкус на Европјаните.
Изворите со пенлива вода, високата и зелена шума, планинските врвови кои пленат со својата убавина, еколошките јаболка кои зреат на надморска височина од 1.200 метри, се само дел од благодетите со кои располагаат македонските села. Сместени во планинските пазуви тие воодушевуваат со својата автентична архитектура, топлина и срдечност на домаќините. Водениците во кои се уште се меле брашно, старите вретена за предење волна, изработката на кавалите и гајдите од кои се шират звуците на народните песни и ора, се дел од мозаикот на македонските села.