Category: Недопрени убавини

Последните мохиканци на Китка: Во потрага по чисти води

Мала Река – Тргнав од Скопје да си ја нахранам душата. Центарот на градот ме гуши: нечист воздух од издувни гасови и нечистотија насекаде околу мене, несредени паркови, исушена трева, кеси пластични и други отпадоци…....

Фотосторија од Преспа

Денешната посета – Дупени Бич, Долно Дупени, Љубојно, Брајчино, Камп Крани, Отешево, Стење, Галичица, Трпејца, Охрид. Уживајте во убавините на Македонија! фотосторија на Роберт Милески

Корабски водопад низ фотографии

Корабскиот Водопад, познат и како Пројфелски водопад се наоѓа во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб.
Во зависност од сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет. Во различни извори, може да се најдат различни податоци за висината на водопадот, а бројките варираат помеѓу 70 до 138 метри.

Опојната моќ на македонското вино

Секое вино во себе носи некоја тајна приказна. Во него е впиена магијата на регионот во кој што се одгледува, топлината на раката која што го набрала, вештината на винарот кој што ја правил чудесната напивка. Приказната за македонските вина е средечна, пријателска и колоритна, оти се одгледувани во најплодните региони заплискувани од топлината на сонцето, долж течението на Реката Вардар.Иако вистинската ренесанса македонските вина ја доживуваат последниве десетина години, на ова тло виновата лоза одамна ги има пуштено своите корени. Тие полека, но сигурно почнаа да се пробиваат на странските пазари и да го освојуваат истенчениот вкус на Европјаните.

Mакедонските села живи музеи на минатото

Изворите со пенлива вода, високата и зелена шума, планинските врвови кои пленат со својата убавина, еколошките јаболка кои зреат на надморска височина од 1.200 метри, се само дел од благодетите со кои располагаат македонските села. Сместени во планинските пазуви тие воодушевуваат со својата автентична архитектура, топлина и срдечност на домаќините. Водениците во кои се уште се меле брашно, старите вретена за предење волна, изработката на кавалите и гајдите од кои се шират звуците на народните песни и ора, се дел од мозаикот на македонските села.

Оаза на тишината

Речиси сите македонски манастири се градени во планинските пазуви, на потешко пристапни места, во предели со прекрасни природни убавини, опкружени со густи шуми и пространи ливади. Иако монасите секогаш барале да се осамат во својот духовен живот, тие сепак ги отварале вратите за населението од околните села, кое тука ги прославувало верски празници, ги одбележувало селските слави и барало утеха и спас во тешките премрежја

Ковчег со скапоцености

Македонија е како ковчег преполн со скапоцености, кој едвај чека да биде отворен. Изобилува со историја и традиција уште од неолитот, за што сведочат многубројните археолошки богатства пронајдени во утробата на земјата. Тетовската менада, Адам од Говрлево, златната маска од Требеништа од 6 век пред нашата ера, керамиката од неолитот, пронајдоците од бронзената доба, остатоците на римските градби, како и мозаиците со непроценлива вредност, се само дел од богата културно наследство кое со векови наназад е пронаоѓано на ова тло.

Лековитата моќ на водата

Бројните минерални и термоминерални извори кои постојат во земјава, лоцирани во најпејсажните и живописни шумски предели, отсекогаш биле свртувалиште на голем број случајни минувачи, но и на оние кои барале спас во лековитата моќ на водата.Околу нив не случајно од дамнина се граделе лекувалишта, бањски објекти и спортски терени, се со цел да се привлечат што поголем број посетители. Од некогашните римски и турски бањи во земјава, во функција е останата само Пашината бања во Негорци, која и ден денес се користи за лекување и релаксација. Во план е и ревитализација на некогашниот турски амам кај Катлановска бања, со што овој објект, од кој се останати само рушевините, повторно би бил ставен во функција на збогатување на понудата и развој на бањскиот туризам во земјава, за кој постојат огромни потенцијали.

Водопадите – мелем за очите и душата

Затскриени во најдлабоките шуми, далеку од човековиот дофат и погледи, тие најчесто се само дел од човековата фантазија, или ретко исполнета желба да се ужива во нивната убавина. Овие планински убавици, иако реални, за многумина се само дел од приказните, и ретко кој верува дека ги имаме и ние на дофат.

Translate »