Во двете преспански езера (Голема и Мала Преспа) има четири острови. Најголемиот од нив е Св.Ахил во Малото Езеро, кој со островот Видрониси и припаѓа на Грција. Св. Ахил е единствениот населен остров, но на него живеат само 27 луѓе во 11 куќи, бидејќи според легендата, доколку се изгради дванаесетата, една од нив ќе се урне. На Островот Ахил се наоѓала првата македонска архиепископија и првата престолнина на цар Самоил.Островот Голем Град познат уште и како Св.Петар се наоѓа во македонскиот дел на Големото Езеро, а Мал Град или Св.Павле е во албанскиот. Единствените жители на овие острови се птиците, змиите, желките, инсектите и некои видови на растенија.