Eконастан на Пелистер: „Покажи екострана за зима без мана“
„Покажи екострана за зима без мана“ е настанот што се одржа на Пелистер. Станува збор за акција за подигнување на свеста за заштита на националниот парк „Пелистер“.
Во пресрет на новата зимска сезона, идентификувајќи ја потребата за креирање одржливи решенија за почиста животна средина и подигнување на свеста за унапредување на заштитата на Националниот парк „Пелистер“, во еколошката акција „Покажи екострана за зима без мана“ се вклучија над 100 ученици од основните и од средните училишта од Битола. Настанот е дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на туризмот.
Со цел да се постигне усогласување на активностите на сите фактори во развојот на туризмот, на Пелистер денеска беше потпишан меморандум за соработка меѓу „ЕЛЕМ турс“, Националниот парк „Пелистер“, ски-клубот „Пелистер“, планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ и велосипедскиот клуб „Екстрим бајк-тим“ Битола.
Развој на зимските спортови и организирање меѓународни скијачки натпревари на Пелистер се едни од идните активности на спортските клубови потписници на меморандумот за соработка, со цел развој на туризмот на Пелистер.