Tрадиционално искачување на Титов Врв
Планинарски Клуб „Љуботен“ – Тетово по триесет и осми пат го организира традиционалното искачување на Титов Врв, кое само по себе низ годините стана препознатлив планинарски бренд во земјава. Во текот на изминатите 37 искачувања на Титов Врв среќаваме бројка од 24 607 искачени планинари и планинарки. Со вакви настани, нашата земја гради традиција која трае и нѐ претставува пред меѓународната јавност, истакнувајќи ја грижата за здравјето и благосостојбата на населението, зачувувањето на природата и стремежот кон одржливо живеење и одржлив развој.
„Подготовките за настанот ги започнавме пред два месеци со испраќање на покани до голем број на планинарски друштва од Македонија и од Балканот. Оваа година поради променливите временски услови, очекуваме бројот на искачени планинари и планинарки да биде над 500. До сега за учество на настанот пријавени се околу 400 планинари и планинарки од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Косово, Б и Х, Хрватска и Словенија“ , изјави претседателот Јован Божиноски.
Дополнително, Божиноски соопшти дека овогодинешнното искачување, Планинарски Клуб Љуботен му го посветува на проф. Љупчо Меловски, кој беше голем вљубеник и познавач на Шар Планина, заштитник на животната средина и голем подржувач на активностите на клубот.
Искачувањето е закажано за 26 мај 2019 година. Во рамки на настанот, покрај искачувањето на Шара, на 25 мај ќе се спроведе акција за чистење на смет во близина на хотелот „Попова Шапка“ #TrashTagChallenge, трибина на тема: „Планинарењето, поттик за здрави навики кај младите“, но натпревар за брзо местење на шатори и изложба.
Самото качување ќе се одвива по маркираната планинарската патека “Вакуф” (маркацијата е стандардна, дополнета со црвено бели знаменца). Стартот е закажан за 06:30 часот пред платото на х. Попова Шапка. Патеката е средно тешка. Има вкупна должина од 14 км. во еден правец и висинска разлика од 1.047 метри. Патеката се движи по тревна површина, по каменит предел и делумно е покриена со снег. Планираното просечно потребно време на искачувањето изнесува 4 часа. За враќање е потребно приближно истовреме како и за искачувањето и истото е закажано за 12 ч. Сите учесници и учеснички мора да се движат во организирана колона, водена од одговорните лица од ПК Љуботен (на ранците ќе имаат акредитации со ознака организатор). Овие лица ќе бидат распоредени и низ колоната како и на самиот крај од истата. За секој проблем кој може да настане, учесниците и учесничките се молат да се обратат на овие лица. За искачувањето е потребно да се користи стандардна планинарска опрема за движење во зимски услови. Исхраната е сопствена, индивидуално предвидена за планинарска тура до 10 часа. Секој/а треба да биде во добра психофизичка кондиција. Координаторите на друштвата/клубовите и организираните здруженија, задолжително да присуствуваат на состанокот со координаторите. Истите при пријавувањето ќе добијат акредитација. Координаторите на друштвата/клубовите и организираните здруженија се одговорни за пријавените членови од матичниот клуб и секој координатор потребно е да има обезбедено доволен број на водичи сразмерно на бројот на пријавени учесници од матичните клубови – согласно препораките на ФПСМ. Сите индивидуални лица кои сакаат да земат учество на настанот мора да се приклучат кон одредено друштво/клуб и организирано здружение со формална пријава.
Настанот е дел од кампањата „ЕУ за ТЕБЕ“ организирана од Делегацијата на ЕУ во Скопје.
НАПОМЕНА:
Со цел да се одржи високо ниво на безбедност и организираност, согласно препораките на ФПСМ – Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија за „Организација на големи традиционални планинарски акции“, Планинарскиот Клуб „Љуботен“ ги поканува сите друштва/клубови и организирани здруженија да земат учество на овој заеднички планинарски настан со задолжително пријавување (поплнување на формулар и изјава на координаторот) кај одговорните лица од клубот.
Поради големата количина на снег, ПК Љуботен ги замолува сите учесници и учеснички да ја почитуваат програмата и обврските кои ги имаат како дел од овој настан. Во зависност од меторолошките услови и поради безбедносни причини организаторот го задржува правото да ја промени патеката на искачување до врвот или да го прекине искачувањето. За секоја можна измена сите учесници и учеснички, ќе бидат благовремено известени и воедно се обврзани да ги почитуваат овие одлуки на организаторот.
ПК Љуботен не одговара за последиците кои би се случиле надвор од оваа програма, како и за сите оние кои немаат доставен формулар за пријава. Сите друштва, клубови, организирани здржуженија, учесници и учеснички кои не се формално пријавени се смета дека не се дел од овој настан.
Повеќе информации може да најдете на: https://www.facebook.com/events/440163366733868/
За секое дополнително прашање, побарајте ја Марија Матовска на 078824824.