Опојната моќ на македонското вино
Секое вино во себе носи некоја тајна приказна. Во него е впиена магијата на регионот во кој што се одгледува, топлината на раката која што го набрала, вештината на винарот кој што ја правил чудесната напивка. Приказната за македонските вина е средечна, пријателска и колоритна, оти се одгледувани во најплодните региони заплискувани од топлината на сонцето, долж течението на Реката Вардар.Иако вистинската ренесанса македонските вина ја доживуваат последниве десетина години, на ова тло виновата лоза одамна ги има пуштено своите корени. Тие полека, но сигурно почнаа да се пробиваат на странските пазари и да го освојуваат истенчениот вкус на Европјаните.