Колку пеликани има во Преспанското Езеро?
![](https://goexpl0re.com/wp-content/uploads/2020/05/Screen-Shot-2020-05-21-at-9.37.18-PM-1300x500.png)
Македонско еколошко друштво во соработка со Општина Ресен и Националниот парк Галичица, Меѓународниот ден на биолошката разновидност – 22 Мај оваа година ќе го одбележи со пребројување на пеликаните од Преспанското Езеро.
![](https://goexpl0re.com/wp-content/uploads/2020/05/Screen-Shot-2020-05-21-at-9.19.44-PM-1024x667.png)
Досега на овој ден во целиот свет институциите и организациите што работат на заштита на биодиверзитетот организираа масовни настани и едукации со цел подигнување на јавната свест за значењето на биолошката разновидност, но поради пандемијата на Ковид-19, годинава овие средби остануваат во виртуелниот свет.
![](https://goexpl0re.com/wp-content/uploads/2020/05/Screen-Shot-2020-05-21-at-9.36.19-PM-1-1024x687.png)
„Сè со цел доближување на природните убавини во нашата земја, МЕД одлучи на 22 мај (петок) на своите социјални мрежи преку целиот ден да споделува слики и видеа од теренската активност за пребројување на пеликаните во Преспа. Затоа, в петок следете нè на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“ и уживајте во глетките од Преспанското Езеро“, велат од МЕД.
![](https://goexpl0re.com/wp-content/uploads/2020/05/Screen-Shot-2020-05-21-at-9.39.01-PM-1024x687.png)
Броењето на пеликаните МЕД го спроведува од 2013 година. Пеликаните, кои секојдневно доаѓаат да се хранат во македонскиот и албанскиот дел од Големото Преспанско Езеро, припаѓаат на најголемата гнездечка популација на овој вид во светот, која се наоѓа на Малото Преспанско Езеро.