Паркинг, скелет и крал – мамка за туристите во британски Лестер
Откако на паркингот во Лестер е пронајден скелетот, за кои подоцна се испостави дека му припаѓа на Ричард Трети, се зголеми бројот на туристите, кои го посетуваат градот.
Градот секако е подготвен да ги прифати сите можности, кои му ги донесе откривањето на скелетот на кралот Ричард Трети. Денеска се отвори специјална изложба за кралот, се организираат тури по неговите стапки и се покренуваат кампањи на социјалите мрежи. Сепак градот има и многу други работи, кои може да ги понуди.
Точната локација на Војната на розите никогаш не е пронајдена, но Центарот Бојно поле Босфорт е отворен на околу 20 километри од Лестер во 1974 година. Тука може да ја посетите и изложбата посветена на Ричард Трети, а децата можат да учествуваат во реконструкција на настаните од тоа време.
Лестер е еден од најстарите градови во Велика Бритнија. Прв пат е забележан како римскиот град Ратае Корелтаувор, а остатоците од римските бањи се уште можат да се видат, како и 2,5 метри дебелиот ѕид, кој останал од тоа време.
Имајќи предвид дека 28 отсто од населението на Лестер го сочинуваат Азијати и Индијци, храната е мошне разновидна. Тука можете да пробате исклучително добро индиско кари. Исто така е и одлична шопинг дестинација поради продавниците со индиски накит и сари.
Љубителите на традиционалната британска храна ќе се радуваат на гозбите во Лестер: пита од свинско од Мелтон Моубреј, како и сирењето Стилтон стекнаа статус на заштитен производ во Европската унија.
Лестер исто така има и фестивал на храната, кој се организира секој октомври.