Избор на најдобрата Мавровско-реканска пита „Питијада 2017“.
Во Долнореканското село Јанче се одржа традиционалната манифестација на избор на најдобрата Мавровско-реканска пита „Питијада 2017“.
Оваа активност на општината Маврово и Ростуше ја следеа голем број на гости од Скопје и други градови на нашава земја, а за најдобра пита од над 40 кои беа во конкуренција е прогласена питата на Суловска Емина од село Јанче.
По добивањето на наградата Емина Суловска рече дека таа подготовката на оваа пита ја има научено од своите родители и истакна дека станува збор за пита која е подготвена според традициите на селото Јанче. На изборот му претходеше подготовка на пита од Реканскиот регион презентирана директно од еко ресторанот Туто во оваа село.
Градоначалникот на општината Мукрем Мехмеди нагласи дека оваа манифестација која е дел од програмата „Летнен културен бран“ има големо значење како за развој на туризмот така и за одржување на традициите во готвење на храна од Мавровоскиот и реканскиот регион.
Азиза Асаноска претседател на здружението „Радика„ рече дека оваа манифесатција не треба да згасне, бидејќи од колено на колено ги пренесува мајсториите за подготовка на пити на жените во Река.
Методија Новковски, претседател на пензионерите од Ѓорче Петров, кој беше дел бројните туристи заедно со група на пензионетри од Скопје ја изнесе оценката дека овие манифестации имаат големо значење за традиционалната храна која се подготвувала и сè уште се подготвува во нашава земја.
Туристите ги посетија и водопадите во Дуф кај Ростуше како и Манастирот „Свети Ѓорѓија Победоносец“ во Рајчица.