Се родија првите еленчиња во Репродуктивниот центар во Галичица
![](https://goexpl0re.com/wp-content/uploads/2020/06/102263885_2823124311255068_2274591804965781504_o-962x500.jpg)
Во Репродуктивниот центар за Европски елен во НП Галичица се родија првите еленчиња. Во периодот кој следи се очекува на свет да дојдат уште нови младенчиња., објави Националниот Парк – Галичица.
Поминаа околу четири месеци од интродуцирањето на триесет европски елени во Националниот Парк Галичица. Елените одлично се адаптираа на новата средина и без поголеми проблеми ја поминаа првата зима во репродуктивниот центар, каде што се сместени.
![](https://goexpl0re.com/wp-content/uploads/2020/06/101954522_2823124271255072_4925588457784344576_o-935x1024.jpg)
Во шест хранилки, распоредени во репродуктивниот центар, редовно им се надополнува прихрана, со цел да се задоволат нивните нутритивни потреби.
Женките се во период на гестација и потребен им е мир во следните месеци. Од Националниот парк ги замолуваат сите посетители да не се движат во и околу репродуктивниот центар.