Category: Macedonian edition

Прилеп: Свечено отворен 52. МТФ „Војдан Чернодрински“

Ни треба театар што нема да се гуши во лажни помпензности, туку модерен, слободен, гласен, европски, истакна министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп вчеравечер свечено е отворен...

Прилеп – рај за вљубениците во алтернативниот спортски туризам

Прилеп стана Центар за развој на екстремните спортови, не само во Македонија, туку и во поширокиот регион. Алтернативниот спортски туризам годишно во градот носи илјадници посетители буквално од целиот свет. Болдерингот, параглајдингот, планинскиот ултрамаратон наречен...

Игрите може да започнат во …Рио

Микс од неверојатни мириси и бескрајно шаренило од бои помешани и обликувани во дарови од природата кои можат само да се замислат како рај на земјата е накратко описот на Рио Де Јанеиро или скратено Рио, лоцирано во единствената држава во Јужна Америка каде се зборува португалски

Корабски водопад низ фотографии

Корабскиот Водопад, познат и како Пројфелски водопад се наоѓа во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб.
Во зависност од сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет. Во различни извори, може да се најдат различни податоци за висината на водопадот, а бројките варираат помеѓу 70 до 138 метри.

Опојната моќ на македонското вино

Секое вино во себе носи некоја тајна приказна. Во него е впиена магијата на регионот во кој што се одгледува, топлината на раката која што го набрала, вештината на винарот кој што ја правил чудесната напивка. Приказната за македонските вина е средечна, пријателска и колоритна, оти се одгледувани во најплодните региони заплискувани од топлината на сонцето, долж течението на Реката Вардар.Иако вистинската ренесанса македонските вина ја доживуваат последниве десетина години, на ова тло виновата лоза одамна ги има пуштено своите корени. Тие полека, но сигурно почнаа да се пробиваат на странските пазари и да го освојуваат истенчениот вкус на Европјаните.

Mакедонските села живи музеи на минатото

Изворите со пенлива вода, високата и зелена шума, планинските врвови кои пленат со својата убавина, еколошките јаболка кои зреат на надморска височина од 1.200 метри, се само дел од благодетите со кои располагаат македонските села. Сместени во планинските пазуви тие воодушевуваат со својата автентична архитектура, топлина и срдечност на домаќините. Водениците во кои се уште се меле брашно, старите вретена за предење волна, изработката на кавалите и гајдите од кои се шират звуците на народните песни и ора, се дел од мозаикот на македонските села.

Оаза на тишината

Речиси сите македонски манастири се градени во планинските пазуви, на потешко пристапни места, во предели со прекрасни природни убавини, опкружени со густи шуми и пространи ливади. Иако монасите секогаш барале да се осамат во својот духовен живот, тие сепак ги отварале вратите за населението од околните села, кое тука ги прославувало верски празници, ги одбележувало селските слави и барало утеха и спас во тешките премрежја

Ковчег со скапоцености

Македонија е како ковчег преполн со скапоцености, кој едвај чека да биде отворен. Изобилува со историја и традиција уште од неолитот, за што сведочат многубројните археолошки богатства пронајдени во утробата на земјата. Тетовската менада, Адам од Говрлево, златната маска од Требеништа од 6 век пред нашата ера, керамиката од неолитот, пронајдоците од бронзената доба, остатоците на римските градби, како и мозаиците со непроценлива вредност, се само дел од богата културно наследство кое со векови наназад е пронаоѓано на ова тло.

Терапевтски третмани, масажи и спа капсули

Лековитата вода богата со минерали, современите терапевтски третмани, масажите и спа капсулите, се само дел од можностите што ги нудат македонските бањи, сместени во најпејсажните и најживописните предели на земјава. Изградени во планинските пазуви, во близина на жуборливи реки и езера, ги мамат вљубениците во природата на кои им е потребна релаксација, одмор и лекување на телото и душата. Водата богата со минерали е раритет во Европа и нуди огромни можности за развој на бањскиот туризам, но и шанса покрај природните лекувалишта да се изградат и модерни центри за убавина и релаксација.

Translate »